По забава во австрискиот град Вилах, на која имало многу познати личности, вклучувајќи го и секретарот за здравство на градот Кристијан Побер, 80 лица мораа да бидат ставени во карантин.
Имено, на забава дошол и еден угостител за кого било утврдено дека е заразен со коронавирусот.
Со ова е формиран нов кластер на коронавирусот во провинцијата Каринтија.
Полицијата била повикана на забавата затоа што не се почитувале правилата за заштита од коронавирусот.
Поради повеќе стотици гости на забавата, властите на Вилах поставија станица за тестирање во едно училиште. (МИА)