недела, 11. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

НАТО работилница за одбрана од тероризмот

НАТО работилница за одбрана од тероризмот

„Одбрана против тероризмот, подобрување на отпорноста на демократските институции и владеењето на правото“ е насловот на работилницата за напредно истражување, што со поддршка на Програмата на НАТО „Наука за мир и безбедност“ денеска почнува во Скопје.

На отворањето на работилницата најавено е обраќање на министерката за одбрана Радмила Шекеринска, Горазд Бартол шеф на канцеларијата за врски на НАТО во Скопје.

Свои предавања пред присутните ќе одржат и др. Мириан Коен, од Франција, советник во Амбасада и член на Научниот комитет при Универзитетот во Фиренца, која ќе говори на тема „Основи за отпорност на демократските држави-членки на НАТО“ и Винченцо Макри, генерален обвинител во Анкона, Италија, кој ќе говори за „Криминални мрежи во војна со демократии и фундаментални права: Како да одговорите?“.

На работилницата, што ќе трае до 14 април, ќе учествуваат истакнати професори, академици и експерти од областа на безбедноста од земјата, како и од САД, Велика Британија, Франција, Италија, Белгија Србија и од Грција.

Најнови вести