Македонските екипи кои ќе настапат во квалификациите за фудбалската Лига на Европа, попладнево ги дознаа противниците за 1. коло.
На денешната ждрепка во Нион, Шкендија и Шкупи, исто како и Силекс кој игра во квалификациите за Лигата на шампионите, ќе се сретнат со екипи од Азербејџан, додека Ренова доби ривал од Ерменија.
Двојки:
Шкендија – Сумгајт
Шкупи – Нефчи
Ренова – Алашкерт.
Трите македонски екипи ќе ја имаат улогата на гостин, а дуелите ќе се играат или на теренот на противникот или на неутрален терен.
Сите натпревари ќе се играат на 27 август. (МИА)