На состанокот на Комисијата за заразни болести денеска биле присутни и претставници на Министерството за труд и социјална политика при што се разгледувале и се разговарало и за протоколите за почеток на работењето на градинките.
-Заклучокот беше дека дел од протоколите треба да се доработат од страна на МТСП, да се разгледаат и потоа да се донесе одлука во врска со почеток на работењето на градинките, се наведува во соопштението од Министерство за здравство.