Македонски државјанин, кој поседувал и швајцарски пасош, под закана со пиштол бил ограбен односно од неговата сопруга се украдени 6.000 швајцарски франци и автомобилот „аудиQ5“, во Драч, Албанија.
-На Албанец од Македонија со постојано место на живеење во Швајцарија, кој во Албанија пристигнал на одмор со неговата сопруга, странска државјанка, од страна на две лица, под закана со пиштол им биле одземени 6.000 швајцарски франци и автомобилот „аудиQ5“, јави Топ чанел телевизија.
Според деталите кои ги соопшти полицијата, македонскиот државјанин се паркирал пред еден маркет во Драч, но автомобилот не го изгаснал. Во него била неговата сопруга, на која две лица и се приближиле и под закана и ги земале парите, со употреба на сила ја истуркале од автомобилот, по што влегле во него и се дале во бегство.
-Веднаш по дојавата за немилиот настан интервенираа полициските службеници од полицискиот комеасаријат од Драч и по неколкучаса со успех ја финализираа акцијата. Уапсени се лицата кои го ограбиле Б.Ф(33),државјанин на РС Македонија,кој поседува и пасош на Швајцарија, и неговата сопруга. Станува збор за Х.С (40) и Р.К(33) и двајцата од Драч, кои директно учествувале во настанот, како и Г.Д.од Каваја од кого побарале да им помогне да се засолнат, стои во полициското соопштение.
Се додава дека е пронајден и автомобилот, а се работи на пронаоѓање на украдените пари.
Ова е втор немил настан што го преживува македонски државјанин кој одлучил одморот да го мине на албанското крајбрежје. На 27 минатиот месец во Валона беше запален автомобил „Ауди Р8“ сопственост на лице од Кочани, кој со семејство живеел во Германија. (МИА)