Ендрит Тачи, синот на косовскиот претседател Хашим Тачи, преживеал сообраќајна несреќа што се случи утрово.
Полицијата потврдила дека несреќата се случила утрово, а во неа биле вклучени три автомобили, пренесуваат медиумите.
-Денес во 05:25 часот на патот Приштина – Урошевац , на кружниот тек кај Јужната полициска станица, се случи несреќа во која учествуваа три возила. Едно лице е повредено во несреќата. Случајот го презема сообраќајната единица”, изјави портпаролката на косовската полиција, Флора Ахмети.
Според медиумите, Ендрит Тачи е во добра состојба и бил пуштен по интервенцијата во болницата во Приштина.