Пандемијата на Ковид-19 ја чини глобалната економија околу 375 милијарди американски долари месечно, објави денеска Светската здравствена организација (СЗО), врз основа на информациите од Меѓународниот монетарен фонд.
-ММФ проценува дека пандемијата ја чини глобалната економија 375 милијарди долари месечно и предвидува кумулативна загуба на глобалната економија во текот на две години од над 12 трилиони американски долари“, рече на прес-конференција генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, пренесува Си Ен Ен.
Според него, светот веќе потроши милијарди во справувањето со краткорочните последици од пандемијата.
-Само Г20 мобилизираше повеќе од 10 трилиони долари фискален стимул за да ги ублажи ефектите на пандемијата, рече Тедрос.
-Тоа е веќе три и пол пати повеќе откако што потроши светот за целиот одговор на глобалната финансиска криза, рече тој.
Тедрос истакна дека финансирањето на акцелераторот на СЗО е најдобриот економски стимул во кој светот може да инвестира.
-Акцелераторот е единствената глобална иницијатива што ги обединува сите глобални регулаторни набавки и набавки потребни за сите алатки неопходни за да се стави крај на пандемијата, додаде тој. (МИА)