понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Данев: Заев и Спасовски ја претворија Македонија во најнебезбедна земја во Европа

Данев: Заев и Спасовски ја претворија Македонија во најнебезбедна земја во Европа

Зоран Заев заедно со министерот Оливер Спасовски ја претворија Република Македонија во најнебезбедната и најнесигурната земја во Европа, а јас би рекол и пошироко. Граѓаните секојдневно се жртви на грабежи, вооружени ту невооружени, обиди за убиства колку сакате, рекетирање и насилство кои поминуваат неказнето. Вие тоа добро го знаете, истакна координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев.

Тој на седницата за гласање на доверба на Владата посочи дека беше потценета интелегенцијата на јавноста со тоа што беше сокриен скандалот со физички напад на припадничката на Министерството за внатрешни работи.

На тоа Данев додаде дека тоа е недозволиво во една демократска држава како што се стреми да биде Република Македонија. Данев ги посочи набавените Шкоди кои на нетранспарентен начин беа набавени од  МВР. Заради тоа, тој истакна дека Македонија во областа на корупцијата бележи пад за цели 17 места.

-Па нели ќе се боревте против корупцијата? Нели имаше криминал во вашите редови, тоа го истакна и господинот Заев. Сами рековте пред неколку месеци дека во Република Македонија има двајца осомничени за криминал. Прво од кај ви се информациите се прашуваат граѓаните на РМ. Второ граѓаните чекаат со месеци и не можат да дознаат кои се тие што се осомничени од ваша страна за криминал, праша Данев.

Најнови вести