сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Милер: Тешко е ова да се објасни, ама баш добро се забавувавме!

Милер: Тешко е ова да се објасни, ама баш добро се забавувавме!

Томас Милер, германскиот репрезентативец и првотимец на Баерн Минхен ја доби наградата за најдобар играч во епската победа на Баварците со 8-2 против Барселона, но призна дека тешко се објаснува како германската машинерија одигра меч за анали и ги понижи Каталонците како никој досега.

Дека Баерн ќе оди во полуфинале беше јасно уште по пола час игра, кога Германците дадоа четири гола, а до крајот до врв ја наполнија мрежата на Барса, која од 1946 година не примила осум гола на еден меч.

„Тешко е да се објасни ова. Би рекол само дека во моментов сме во фантастична форма. Работевме многу силно и мислам дека на секој ќе му биде тешко да не победи. А, вечерва – баш добро се забавувавме. За нас не е важно против кого играме, ниту против кои имиња играме, туку фактот дека мора да сме секогаш поагресивни и постојано повторуваме некои акции. Ако некој на пресинг е поминат, во ред – доаѓа друг. И ја земаме топката. Ова е нешто посебно, ама мора да бидеме тивки и да не се залетаме. Во полуфиналето, пак тргнуваме од 0-0. За нас е најважно да сме смирени, опуштени, среќни… Не знам дали другите се импресионирани или не, но за нас секој следен меч почнува од нула“, вели Милер.

Бавраците вечерва ќе го дознаат ривалот во полуфиналето, дали Манчестер сити или Лион во пресметката за место во големото финале и шанса за шести трофеј во историјата.