сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Куман се согласи на тригодишен договор со Барселона

Куман се согласи на тригодишен договор со Барселона

Селекторот на холандската фудбалска репрезентација Роналд Куман ќе потпише тригодишен договор со Барселона, објави новинарот Николо Скира на неговата страница на Твитер.

Според изворот, неговото назначување треба да биде официјално објавено оваа недела. Раководството на Каталонците смета дека Куман е најдобриот кандидат за тренер на тимот.

Претходно, претседателот на Барселона, Јосеп Бартомеу објави отказ на Кике Сетиен. Есента 2019 година, се дозна дека договорот на Роналд со Холандскиот фудбалски сојуз содржи клаузула која му овозможува да си замине од функцијата по ЕУРО 2020, доколку добие понуда од Барселона.

Педесет и седумгодишниот Куман веќе работел во каталонскиот клуб како асистент на Луис ван Гал. (МИА)