сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ердоган: Нема да попуштам пред пиратите

Ердоган: Нема да попуштам пред пиратите

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го оцени како „пиратство“активностите на државите што се спротивставуваат на интервенцијата на Турција во Медитеранот.

Во таа област, почнаа еднострани турски пребарувања за полиња со нафта и гас, што предизвика силни тензии.

„Ако се предадеме пред пиратството по ова прашање, каде што сме целосно во право, нема да можеме да одговориме пред идните генерации“, рече Ердоган во говорот во Анкара.

„Не можеме да им оставиме на нашите деца земја неспособна да ги брани своите интереси, без верба во себе“, додаде Ердоган.

Овие изјави беа дадени во контекст на силните тензии во источниот Медитеран. Анкара ја налути Грција со распоредувањето бродови ин опрема за потрага по нафта во зоната за која Атина бара права.

Турска фрегата и грчки брод се судрија минатата недела во источниот Медитеран, изјави грчки воен извор за АФП, потврдувајќи ги извештаите на медиумите.

Игнорирајќи ги повиците на ЕУ за смирување на ситуацијата, Турција во неделата објави дека ќе продолжи со пребарувањето на наоѓалиштата на нафта во друга спорна зона.

Во денешниот говор, Ердоган го претстави делот од Медитеранот за кој Анкара тврди дека е продолжување на турската територија, нарекувајќи ја „сина татковина“.

„Одбраната на сината татковина е исто толку важна како и одбраната на нашите копнени граници“, рече Ердоган.

Сепак, Ердоган покажа подготвеност за дијалог и истакна дека очекува „чекори што можат да ги намалат тензиите“ од неговите соговорници.