петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Работник загина во рудникот Суводол во РЕК Битола

Работник загина во рудникот Суводол во РЕК Битола
фотографија од местото на несреќата

При несреќен случај во Рудникот Суводол во РЕК Битола, синоќа при работа со градежна машина, животот го загуби работник В.К. 60 години, информираат од РЕК Битола.

– Во моментот на несреќата, работникот беше ангажиран на извршување на редовни работни активности. Стручните служби на РЕК Битола и надлежните органи се на терен за расчистување на околностите под кои се случи несреќата. Телото ќе биде предадено на обдукција, по што ќе се знаат и причините за смртта на работникот, стои во соопштението од РЕК Битола.

Од РЕК Битола, посочуваат дека јавноста ќе биде известена за наодите по завршувањето на законски предвидените дејствија.