Ситацијата во Барселона дополнително се искомплицира откако Меси на состанокот со новиот тренер Роналд Куман му соопштил дека размислува за заминување.
Шпанска Марка објави детали од разговорот, според информацијата, Меси е поблиску до заминување од Барселона, опцијата да остане е на „стаклени нозе“.
Интер и Сити се радуваат на оваа информација, двата клуба имаат голем интерес да го ангажираат Меси, тој веќе купи луксузен стан во Милано.
Покрај Интер и Сити, во трка за потпис на Меси се споменува и ПСЖ, тоа се трите опции според Марка.
Меси има договор со Барселона до јуни 2021 со откупна клаузула од 700 милиони евра.