вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Флорим Бесими поднесе оставка од функцијата пратеник за брат му да биде изгласан за министер

Флорим Бесими поднесе оставка од функцијата пратеник за брат му да биде изгласан за министер

Флорим Бесими пратеникот од редовите на ДУИ, поднесе оставка од функцијата пратеник во Собранието, поради како што вели избегнување на можен конфликт.

-Останувајќи убеден во принципите за еднаквост, правда, еднакви можности за сите, и почитувајќи ги во целост законите како и волјата на народот, изјавувам дека останувам доследен и го враќам мандатот на пратеник во Собранието на РМ, со цел да се избегне можен конфликт на интереси со мојот глас во собранието. Оваа одлука ја донесов на денот кога беа објавени имињата на кандидатите за министри на новата влада, која произлезе од гласот и слободната волја на граѓаните на парламентарните избори одржани на 15 јули. Оваа моја одлука е по претходна консултација и потполна координација со претседателот Али Ахмети. Оваа одлука ќе се спроведе според законот и нормативните процедури на Собранието, стои во писмениот дел од соопштението на Флорин Бесими.

Оваа одлука ја донесе по претходно изјаснетиот став на Антикорупциската комисија дека пратеникот Флорин Бесими не смее да го бира својот брат Фатмир Бесими за министер во новата Влада.

Најнови вести