среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

Најскапиот судир во светот: Штетата на „Бугати Чирон“ и „Порше 911“ проценета на 3,5 милиони евра (ВИДЕО)

Најскапиот судир во светот: Штетата на „Бугати Чирон“ и „Порше 911“ проценета на 3,5 милиони евра (ВИДЕО)

Најскапиот судир во Европа, а можеби и во светот, се случил при една сосема обична сообраќајна несреќа… Повеќе возила се движеле зад камп-приколка, а возачите на „Бугати Чирон“ и на „Порше 911“ истовремено одлучиле да престигнуваат и …

Несреќата била неизбежна, а покрај скапите „Бугати“ и „Порше“, во судирот учествувале и возилото со приколката и еден „мерцедес“.

Според истрагата на швајцарската полиција од кантонот Ури, возачот на приколката е полесно повреден и однесен в болница.

Возачите на „Поршето“ и на „Бугатито“ одбиле да потпишат заедничка изјава за сообраќајната незгода.

Проценетата штета предизвикана во оваа несреќа е околу 3,5 милиони евра.