Повеќе од половина милион лица се евакуирано од американската страна на Мексиканскиот залив поради ураганот Лаура.
Силните ветрови на ураганот и поплавите најмногу би можеле да ги погодат Тексас и Луизијана, соопштија метеоролозите. Повеќе од 385.000 жители на Тексас се евакуирани, а во Луизијана околу 200.000.
Националниот центар за урагани соопшти дека Лаура би можела да стане ураган од трета категорија, а се очекува копното да го погоди со ветер од 185 километри на час.
Бурата Лаура ја премина Куба, а претходно остави 11 жртви во Доминиканската Република и на Хаити каде предизвика поплави и прекини во електричната енергија.