недела, 4. февруари 2024. Вести денес: 0
home Регион

Мигранти преку товарните возови во Солун се обидуваат нелегално да излезат од Грција

Мигранти преку товарните возови во Солун се обидуваат нелегално да излезат од Грција

Рано утрово, како и во изминатиот период, во Солун, според грчките медиуми, се регистрирани случаи со мигранти кои се обидуваат да се качат на вагоните од товарните возови за да стигнат до северната граница и нелегално да излезат од Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што објави грчката новинска агенција АНА-МПА, денеска била спроведена полициска акција на железничката станицата во западниот дел на Солун од каде што поаѓаат возовите, кога мигрантите спречиле да тргне товарниот воз.

Идентични инциденти имало и во текот на вчерашниот ден, а според медиумите во Грција, мигрантите се качуваат на товарните возови дури и да се во движење сѐ со цел да стигнат до Идомени на границата со Северна Македонија, а оттаму, со помош на криумчари бараат начини да стигнат до северна или централна Европа.