четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Шкупи во финишот го скрши отпорот на Пелистер

Шкупи во финишот го скрши отпорот на Пелистер

Шкупи го победи Пелистер со 1:0 во единствениот денешен натпревар од 4. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Стрелец на голот вреден три бода за чаирчани беше Дембо Дарбо во 88. минута.

На саботните средби постигнати се овие резултати:
Академија Пандев – Струга Трим Лим 1:0
Македонија ЃП – Беласица 2:1.

Колото ќе биде комплетирано утре со натпреварите: Шкендија – Борец и Силекс – Ренова.

Табела: Шкупи 10 бода, Силекс 7, Шкендија 7, Македонија ЃП 6, Ренова 5, Работнички 5, Пелистер 5, Борец 4, Струга 4, Вардар 4, Академија Пандев 3, Беласица 0.