четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Пјаниќ се кае што дојде во Барселона: Потпишав поради Меси, а имав подобра понуда!

Пјаниќ се кае што дојде во Барселона: Потпишав поради Меси, а имав подобра понуда!

Босанската ѕвезда Миралем Пјаниќ уште пред два месеци дојде во Барселона во размената во која Артур Мело замина во Јувентус, ама по се изгледа Босанецот веќе се кае што потпиша за Каталонците, откако Лионел Меси реши да си оди и веќе го бојкотира шпанскиот великан со неодаѓањето на почетокот на подготовките.

Пјаниќ, кој има коронавирус, па е во изолација во Торино и дури идната недела би требало да допатува на „Камп Ноу“ и да почне со тренинзите во новиот клуб. Ама, изјавата од неодамна кога со нетрпение чекаше да почне да игра со најдобриот светски фудбалер, сега е мета на потсмев.

„Дојдов во Барселона за да играм со Лионел Меси и затоа одбив многу подобра понуда од Пари Сен Жермен“, рече Пјаниќ неодамна.

Сега Босанецот нема да има шанса да игра со аргентинската суперѕвезда, а веројатно се кае што не ја прифати многу побогатата понуда од париските „светци“.