недела, 3. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

ФОТО: Горан Попов со дресот од ВБА прави ајвар во Ново Село

ФОТО: Горан Попов со дресот од ВБА прави ајвар во Ново Село

Поранешниот репрезентативец на Македонија, Горан Попов се пофали социјалните мрежи дека ревносно си ги извршува обврските поврзани со обезбедувањето на зимница, конкретно правењето ајвар.

Попов сега работи како фудбалски агент а во минатото играше за повеќе клубови во Европа, се прослави во Динамо Киев а беше дел и од англиската Премиер лигата во дресот на Вест Бромвич Албион.