Прекинато водоснабдување утре ќе имаат дел од корисници во Општина Центар поради дефект на затворач од ф 400 мм.
Како што информираат од ЈП Водовод и канализација Скопје, прекин во водоснабдувањето ќе имаат дел од корисниците од ул.„Франклин Рузвелт“, на потегот од ул.„Орце Николов“ до бул.„Илинденска“ од 8:30 часот до отстранување на дефектот.