четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Лион постави цена за Депај

Лион постави цена за Депај

Олимпик Лион може да се раздели со својот голгетер Мемфис Депај за сума од 30 милиони евра, пренесува „Екип“.

Според изданието, францускиот клуб ги побарал овие пари од Барселона и Каталонците се подготвени да им ги дадат. 26-годишниот Мемфис има помалку од една година од актуелниот договор и се чини многу веројатно да се раздели со „децата“.

Холанѓанецот се приклучи на Лион во 2017 година, кога на Манчестер јунајтед за него беа платени 16 милиони евра.

Минатата сезона напаѓачот постигна 15 гола и направи 2 асистенции на 22 натпревари за Лион. (МИА)