Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, денеска изјави дека светот мора да биде подобро подготвен за следната пандемија, повикувајќи ги земјите да инвестираат во јавното здравство.
– Ова нема да биде последната пандемија, рече Тедрос на брифинг во Женева.
Тој истакна дека историјата нè учи дека епидемиите и пандемиите се животни факти.
– Но, кога ќе дојде следната пандемија, светот мора да биде подготвен – поподготвен од што беше овојпат, потенцираше Тедрос. (МИА)