среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

За оние кои многу работат: Овие 15 совети мора да ги послушате за ваше добро

За оние кои многу работат: Овие 15 совети мора да ги послушате за ваше добро

Грижата за себе е многу важна во денешново брзо време, кога сите работат најмногу што можат. Благодарение на технологијата и смартфоните, ние сме достапни за работа и до 24 часа на ден и понекогаш чувствуваме вина доколку одвоиме малку време за себе или пак, ако не одговориме на мејл, порака или повик доволно брзо.

Сите овие нешта водат кон замореност и истоштеност кои предизвикуваат појава на фрустрации. Доколку сте свесни дека работите премногу, тогаш можеби е време да се ставите себеси на прво место.

Погледнете ги наредниве 15 начини на кои можете да го сторите тоа…

1. Слушајте го вашето тело – Тоа најдобро знае кога ви е потребен одмор, физичка активност, здрава храна или сон. Сè што треба да направите е да обрнете внимание на знаците кои ви ги испраќа.

2. Спијте повеќе – Ако не спиете доволно или квалитетно, тогаш големи се шансите дека во текот на денот ќе бидете нервозни и другите луѓе ќе го забележуваат тоа и ќе почнат да ве избегнуваат. Тешко е да ја завршите својата работа доколку вашите соработници наоѓаат изговори да не ви помогнат.

3. Вежбајте – Редовната физичка активност е клучна за вашето тело да може да функционира оптимално.

4. Не заборавајте на витамините – Доволно е само да помислите на тоа дека треба да се напиете витамини и веднаш ќе се почувствувате поенергично. Редовното конзумирање витамини ќе ви помогне да развиете чувство дека вие сте одговорни за вашето здравје.

5. Поминувајте повеќе време на отворено – Доколку постојано работите во затворен простор, сигурно не добивате доволно свеж воздух и сонце. Ако ништо друго, обидете се барем да излегувате на паузата.

6. Поминувајте време сами со себе – Единствениот начин на кој навистина ќе научите што ви е потребно и што ве прави среќни е доколку наоѓате време за себе и вашите мисли.

7. Не го одложувајте времето за одмор – На секој му е потребен одмор, дури и ако станува збор за само неколку дена. Сонце, плажа, море… Зарем треба да се каже нешто повеќе?

8. Не се плашете да побарате боледување – Не се терајте со сила да одите на работа кога не се чувствувате добро. Земете неколку слободни денови и одмарајте. Дозволете му на вашето тело подобро да заздрави.

9. Читајте – Читањето е самогрижа за вашиот ум. И секако, ова не вклучува читање на работни документи.

10. Медитирајте – Ова е еден од најлесните и најбрзите начини да се релаксирате, без разлика на местото на кое се наоѓате. Доволно е само 5-минутно фокусирање на вашето дишење за да направите некаква разлика.

11. Проширувајте ја вашата свесност – Ако си дозволите да живеете во сегашноста и доколку не ги критикувате вашите мисли, ќе можете многу полесно да се справувате со секојдневниот стрес.

12. Простете си – Престанете да се нервирате за оние нешта кои се случиле во минатото, бидејќи на тој начин си одземате од енергијата која ви е потреба за сегашноста и иднината.

13. Простете им на другите – Доколку не сакате негативните чувства да ве влечат надоле, простете им на оние кои некогаш ви згрешиле и не се вртете веќе наназад, продолжете со вашиот живот.

14. Одете на маникир или педикир – Зарем има подобар начин за грижа за себе од овие две активности?

15. Топла бања – Наполнете ја кадата со топла вода, пуштете тивка музика и запалете миризливи свеќи. За само неколку минути ќе почнете да чувствувате како стресот полека, но сигурно излегува од вашето тело.