Фановите на фудбалската игра нема да имаат можност да го гледаат финале на Лигата на Европа меѓу главните фаворити за освојувањето на трофејот, Арсенал и Атлетико Мадрид.
Имено, ждрепката одлучи овие два тима силите меѓу себе да ги одмерат во полуфиналето, а победникот од овој меч во финалето ќе игра против подобриот од натпреварот Олимпик Марсеј- Салцбург.
Полуфинални двојки за Лига Европа.
Олимпик Марсеј- Салцбург
Атлетико Мадрид- Арсенал
Првите мечеви ќе се играат на 26-ти април, а седум дена подоцна се реваншите. Финалето е во Лион, на 16.мај.