Најмалку шест лица загинаа, а 20 други се повредени денеска кога автобус се превртел на автопат на 28 километри источно од Софија.
Како што соопшти бугарското Министерство за здравство, меѓу повредените има и деца.
Според бугарските медиуми, двајца од повредените патници се наоѓаат во критична состојба.
До несреќата дошло кога автобусот се судрил со автомобил, по што се превртел.
МИА