четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Заев: Го почитувам Каракачанов, спремен сум да се договорам со Бугарија

Заев: Го почитувам Каракачанов, спремен сум да се договорам со Бугарија

-Јас го почитувам и министерот Каракачанов, се е океј, тој доаѓа често во Македонија, сфаќам различни ставови, но обврска имаме сите да ги помогнеме овие процеси, изјави премиерот Зоран Заев во интервју на МТВ.

Заев изјави дека верува во успешност на разговорите со Бугарија и изрази подготвеност за договор затоа што сме биле пријателски народи кои имаат заедничко од минатото.
Во однос на прашањето за Гоце Делчев Заев повтори дека ќе се изнајде решение бидејќи тоа не обврзува договорот.

– Решивме три поглавја, пет историски личности наназад, следи четвртото поглавје и шестата историска личност, Гоце Делчев. Договорот не принудува да наоѓаме заеднички нешта што не спојуваат, рече Заев.
Тој додаде дека ако било кој постигне договор кој што една страна добива нема иднина, затоа ќе најдат решенија како што најдоа решенија и за другите големи прашања.

– Има архиви и овде и во Бугарија ќе седнеме ќе најдеме, важна историјата и таа треба да биде основа за иднината, ќе ги извадиме. Верувам дека во периодот кој претстои брзо ќе се најдат решенијата, јас сум благодарен што бугарската страна имаше трпение заради изборите. Ја испраќам пораката дека сме спремни веднаш да влеземе и низ поглавјето за Гоце Делчев да изградиме пријателство, истакна Заев.

Најнови вести