Водостојот на Преспанското Езеро е намален за еден сантиметар, а нивоата на останатите две природни езера се исти како вчера, покажуваат последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Со тоа, водостојот на Преспанското Езеро е за 88 сантиметри понизок од повеќегодишниот просек за септември. Понизок водостој од просекот за овој месец има и Охридското Езеро и тоа за девет сантиметри, додека нивото на Дојранското Езеро е за 2,85 метри повисоко до просечното.
Водостоите, пак, на реките во најголем број случаи се понисики или исти со вчерашните.