среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Притвор за четворица дилери на дрога од гостиварско

Притвор за четворица дилери на дрога од гостиварско

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против четири лица, жители на гостиварски села на возраст од 32, 24, 19 и 20 години, осомничени за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и супстанци.

На предлог на обвинителството, Судот на четворицата им определил мерка притвор од 30 дена, поради опасност од бегство.

– Четворицата осомничени заеднички се договориле да набават дрога, мерејќи ја на дигитaлна вага да ја распоредат и да ја продаваат низ Гостивар. На 9.9.2020 при полициска акција пронајдена е дрогата во вкупна нето маса од 25,00 грама, заедно со дробилки за мелење на дрогата и дигиталната вага. Дрогата марихуана била распоредена во повеќе пакувања и скриена кај осомничените и во вулканизерска работилница на еден од осомничените во с. Здуње, информираат од ОЈО.

Поради околности кои укажуваат на постоење опасност од бегство на осомничените, опасност дека ќе го повторат кривичното дело и дека ќе влијаат на сведoци, јавниот обвинител до Основниот суд Гостивар достави предлог за определување на мерката притвор за осомничените, а Судот со Решение на четворицата осомничени им определи притвор во траење од по 30 дена.

За лицата постои основано сомнение дека како соизвршители го сториле кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. (МИА)