недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Во Софија протест на родители против задолжителното носење на маски во училиште

Во Софија протест на родители против задолжителното носење на маски во училиште

Родители на училишни деца денеска протестираа пред бугарското Министерство за образование и наука во Софија со барање да се укине задолжителното носење маски во училиште, а се противат и на ставање во изолација на деца со симптоми.

Според родителите, сите тие мерки се страсни за децата.

Еден од организаторите на протестот и претставник на здружението „Обединети родители“, Милко Бојанков изјави дека доколку не се слушнат нивните барања, тие ќе создадат родителски групи, кои ќе бидат околу училиштата и нема да дозволат децата да бидат ставени во изолација и ќе го контролираат целиот процес.

Утре во Софија, во 18 часот, ќе има уште еден протест пред Министерството за образование и наука во Софија, со барање носењето маски наместо задолжително да биде доброволно. (МИА)