петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

На турист во Рим му се урна дрон во Колосеумот, следи строга казна

На турист во Рим му се урна дрон во Колосеумот, следи строга казна

Турист (40) од Полска се соочи со полицијата во Рим откако неговиот дрон падна внатре во Колосеумот, каде што летањето дронови е најстрого забрането.

Уште при влезот во Колесеумот, полскиот турист бил предупреден дека при никакви околности не смее да управува со леталото внатре во древниот антички амфитеатар.

Но, тој не го почитувал предупредувањето и сепак го летал дронот, јавија италијанските медиуми додавајќи дека тој ја загубил контролата над леталото неколку секунди по полетувањето и тоа се урнало на скалите од овој археолошки локалитет кој е светско културно наследство.

За среќа ударот не предизвикал никаква штета врз споменикот на културата, ниту пак е повреден посетител или вработен.

Непослушниот турист ќе биде казнет заради летање на дрон кое е забрането во целата италијанска престолнина.