Странските медиуми утрово ја шират веста дека рап пејачката Карди Би поднела документи за развод. Пејачката наводно открила дека нејзиниот сопруг повторно и е неверен.
Карди токму денес ја покренала судска постапка, за развод од сопругот, а нивното прво рочиште е закажано за 4 ноември.
– Секако дека не е во ред мажот да ја изневерува жената, но сакам да ни дадам втора шанса. Ќе се обидам да ги подобрам односите, ако тоа е можно – оваа го изјави таа пред две години, кога јавноста дозна за првата негова измама, додека сега, очигледно, нивната романса е завршена.