недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски со осуда за нападот врз Љупчо Палевски

Мицкоски со осуда за нападот врз Љупчо Палевски

Иако имаме различни мислења за одредени теми, иако и често знае да ме критикува, но искрено и човечки давам поддршка за Љупчо Палевски и најостро го осудувам дивеењето по улиците и физичкиот напад врз него, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

„И да не се залажуваме, власта многу добро ги знае сторителите и нарачателите на ваквиот крвав инцидент. Наместо Европска Македонија, добиваме држава во која мафијата со неистомислениците се пресметува со тупаници и шипки.

Ако владата не го расветли инцидентот во најбрз можен рок, тогаш народот треба да знае како да се самозаштити во иднина“- порача тој.

Најнови вести