сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Манчестер јунајтед пред втор летен трансфер

Манчестер јунајтед пред втор летен трансфер

Манчестер Јунајтед е во преговори за привлекување на левиот бек на Порто, Алекс Телеш, пренесува „Атлетик“, а според „РМЦ“, Бразилецот веќе се договорил со англискиот гигант за договор до 2025 година. Сепак, од „Олд Трафорд“ исто така мора да се договорот со Порто за обештетување на дефанзивецот.

Одамна се шпекулираше дека менаџерот на „црвените ѓаволи“ Оле Гунар Солскјер сака да го засили левото крило поради склоноста на Лук Шо на повреди и незрелоста на Брендон Вилијамс. Телеш е дел од Порто од 2016 година, кога беше купен од Галатасарај за 6,5 милиони евра.

Јунајтед до неодамна сакаше да го привлече Серхио Регилон од Реал Мадрид. Сепак, се тврди дека клубот ја изгубил битката за Шпанецот од Тотенхем, бидејќи не сакал да го остави правото на „кралскиот клуб“ да го откупи играчот.