понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Валверде не придава значење на рекордот на Барселона

Валверде не придава значење на рекордот на Барселона

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде не придаде големо значење на рекордот од последователни натпревари без пораз во Примера, кој каталонците го поставија при успехот над Валенсија со 2:1 во 32-то коло.

Барса регистрира 39-ти шампионатен натпревар без пораз, со што беше задминат рекордот на Реал Сосиедад од 38 средби. „Лос Кулес“ привремено води на табелата со 14 поени пред Атлетико Мадрид и 18 пред Реал Мадрид.

– Оваа недела, ниту еден играч од Барселона никогаш не размислувал за овој рекорд. Ние не придаваме значење за такви работи, бидејќи е нормално овие фудбалери да постават такви рекорди. Реакцијата на тимот беше важна по елиминацијата од Лигата на шампионите, која беше прифатена многу тешко. Секој играч во Барселона може да ја преземе одговорноста и да го предводи тимот. Се е на одлично ниво, коментираше Валверде по мечот.

МИА