Српските медиуми ги објавија првите фотографии од воениот авион кој утринава се урнал во близина на Лозница.
-Авион на војската на Србија, МИГ-21 се урна утринава за време на извршување на редовна задача во село во близина на Мал Зворник, соопшти српското Министерство за одбрана.
На лице место се испратени екипи за спасување и потраги, како и сите надлежни органи.
Некои локални медиуми јавуваат дека загинал пилотот, но се уште се чека официјална потврда за оваа информација.