вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Катар разговара со ФИФА за проширување на СП 2022

Катар разговара со ФИФА за проширување на СП 2022

Катар побара да разговара со челниците на ФИФА во врска со припремите и логистиката за можното зголемување на бројот на учесници на Мундијалот 2022 од 32 на 48 екипи.

Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ) во четвртокот побара форматот на СП да се прошири од 32 на 48 екипи.

Ваквиот чекор е планиран за 2026 година.

Претседателот на ФИФА Џани Инфантино рече дека таквиот преглед бара изготвување на студија на изводливост. Инфраструктурата во Катар брзо се развива за се да биде подготвено за СП, бидејќи големи се барањата за првиот Мундијал на Блискиот Исток, а проширувањето на турнирот ќе значи и играње на повеќе натпревари.

-Пред да започнат преговорите, важно е да се направат разговори за организацијата и логистиката околу проширување на форматот на турнирот во Катар. Без обѕир на исходот, уверени сме дека можеме успешно да го организираме Светското првенство, се вели во соопштението на Организацискиот одбор.

Катар планираше натпреварите на СП да се играат на осум стадиони, па новиот формат би испеал само ако дел од натпреварите се играат во некоја соседна држава.