сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Драма во Белград: Младо момче се обидело да скокне од мост, полицијата го спречила

Драма во Белград: Младо момче се обидело да скокне од мост, полицијата го спречила

Вистинска драма денеска се одвивала на Стариот Савски мост, откако младо момче се обидело да скокне, но го спречила новобелградската патролна полиција, јавува Блиц.

Од Итната медицинска помош ги потврдиле информациите за инцидентот, но истакнале оти немало потреба за нивна интервенција.

-Како што неофицијално дознаваме, момче на околу дваесет години се качил на Стариот железнички мост со намера да изврши самоубиство. Меѓутоа, екипа полицајци од Нов Белград по разговор со него успеале да го спречат во намерата, пишува Блиц.