петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Лајка никако да прoработи, невладините против Шилегов

Лајка никако да прoработи, невладините против Шилегов

Година ипол по најавите за отворање, стационарот за вдомување на бездомни животни Лајка никако да проработи, а веќе здруженијата за заштита на животните бараат оставка од директорката Тина Петрушевска која беше назначена пред две години од страна на  градоначалникот Петре Шилегов.

Имено, вчера 8 скопски здруженија за заштита на животните и од 13 национални здруженија и активистички групи за заштита на животните доставија барање до Шилегов за разрешување на в.д директорката на ЈП „Лајка“ Тина Петрушевска.

Здруженијата обвинуваат дека Петрушевска е целосно неподобна за функцијата која и е доверена, како и дека наводно извршила злоупотреба на должноста. Во барањето за оставка се наведува дека Петрушевска покренувала неосновани судски спорови против соработниците на активисти-волонтери за заштита на животните, вршела кражба и криминална злоупотреба на лични податоци со содејство со службени лица од други институции, ги вознемирувала, со помош на трети лица ги прогонувала и телефонски им се заканувала на вдомувачи на бездомни животни – државјани на други земји.

Претходно Теона Георгиевска единствената активистка за заштита на животните во „Лајка“  поднесе оставка од Управниот одбор на ЈП „Лајка“ бидејќи како што образложи во оставката не сака да биде дел од претпријатие во чие раководство не само што се поставуваат несоодветни кадри, кои наместо да работат за заштита и во интерес на животните и на граѓаните, работат несовесно и ја злоупотребуваат службената положба и овластувања.

Активистите обвинуваат дека Шилегов по седнување во градоначалничката фотелја спротивно на предизборните ветувања ја прекинал секоја комуникација со скопските активисти на кои им велел дека не партнери и на местото директор на „ЈП Лајка“ ја поставил Тина Петрушевска за кој изјавувал дека е активистка.

Активистите велат дека доколку Шилегов не постапи согласно нивните барања за разрешување на Петрушевска од позицијата, и поставување на активист-волонтер на нејзиното место ќе се соочи со постапки утврдени со закон и протести.

Но, ова не е прв случај, активистите за заштита на правата на животните во месец август бараа итна замена на в.д. директорката на ЈП „Лајка“, а како една од причините тогаш беше дека во рок од година и пол истата не се извршила ниту една  стерилизирале и кастрирале ниту едно куче, а таквата состојба, велат дека е резултат на целосното исклучување на активистите од сите процеси поврзани со третманот на бездомните животни во Град Скопје.

Но, одговор од страна на Шилегов  за барањето за оставка на Петрушевска се уште нема. Шилегов во неколку наврати најавуваше заврши фази на реконструкција, како и отворање на ЈП „Лајка“ кои е замена за долгогодишниот Вардариште, стационарот уште не ги отворил вратите за кучињата скитници.

Ова прашање и понатаму е горлив проблем за скопјани кои секојдневно се соочуваат со напади од глутница на кучиња, а ваквото несериозно однесување од страна на скопскиот градоначалник Шилегов уште еднаш потврдува дека тој нема слух ниту за проблемите на граѓаните, ниту пак за активистите за заштита на животните.