сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Им ветуваа на лекарите плата од 100.000 денари, но не им дадоа ништо

Мицкоски: Им ветуваа на лекарите плата од 100.000 денари, но не им дадоа ништо

На власт во оваа држава веќе десет месеци се Зоран Заев и СДСМ. Претходно секој ден ги слушавме колку било катастрофално во секоја област, а сега имаме можност да видиме што прават или што не прават. Некои работи зависат само од нив.

Ова го истакнува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за порталот „Република“.

Прашан за коментар по изјавите на Заев дека нашле руинирано здравство и институции, Мицкоски вели дека премиерот само продолжува со лаги.

Пред изборите немаше митинг на кој Заев не вети дека ќе имало покачување на пензиите. Сега толку лесно, без нелагодност,  кажува дека нема да има покачување. Ветуваа плата од 100.000 денари за лекарите, но не им дадоа ништо. Покачувањето на платите не е ниту на повидок. Згора на се, продолжуваат со лаги, премиерот вели дека ќе имало повисоки плати откако ќе заштеделе од набавката на некаков лабораториски анализатор – шест милиони евра. Значи, лекарите ќе треба да чекаат апаратот да се купи поевтино. Добро, ќе заштедат, а што понатаму?! Плати треба да се исплаќаат секој месец, истакна Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека истото важи и за платите на администрацијата.

-Не сакаат да обезбедат повисоки плати. И наместо тоа отворено да го кажат, премиерот и министрите удираат по административците де не биле вредни, де биле слаби, де немале резултати. Административците се добри онолку колку што се добри менаџерите на институциите. А колку се добри менаџерите, гледаме и по првите луѓе од владата, кои ништо не работат. Во тој хаос секојдневно ја дезинформираат јавноста, велеа дека има 180 илјади административци, Заев сега вели има 149 илјади административци, а министерот Манчевски, кој ги има реалните бројки, вели 128 илјади е целата администрација. Значи свесно лажат. Потоа премиерот вели дека 80 отсто биле сиромашни, а Државниот завод за статистика вели дека во 2016 година биле 21.9 отсто. Откако е Заев премиер, сиромаштијата пораснала за цели 60 отсто, или пак премиерот произволно си игра со бројките во зависност од дневните потреби?! Ветуваа брда и планини, а сега тие ветувања ги газат, и тешко им е да исполнат што било, порача Мицкоски.

 

 

 

Најнови вести