петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Од Грција за Германија заминаа деца бегалци со здравствени проблеми

Од Грција за Германија заминаа деца бегалци со здравствени проблеми

Деца бегалци со сериозни здравствени проблеми, заедно со нивните семејства вчера заминаа од Грција за Германија, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштија од Министерството за миграција и азил на Грција, станува збор за 91 бегалец, во рамките на програмата за релокација на 243 сериозно болни деца бегалци, а заедно со нивните семејства се вкупно 928 баратели на азил.