петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мета: Претседателот бил и ќе биде на народот, нелегитимната влада ќе доживее голем изборен дебакл

Мета: Претседателот бил и ќе биде на народот, нелегитимната влада ќе доживее голем изборен дебакл

Албанскот претседател Илир Мета побара од владата добро да размисли и да го спроведе договорот за изборната реформа од 5 јуни постигнат со консензус.

Во спротивно рече Мета дека ниту претседателот ниту Албанците не можат да прифатат понижување од „една секта како што е преродбата (изборно мото на социјалстите на последните избори).

Претходно Мета информираше дека изгласаниот изборен законик со одредени измени и дополнувања предложени од владејачкото мнозинство без договор со вонпарламнатрната опозиција, нема да го потпише и ќе го врати на повторно рзгледување.

Мета повторно упати обвинувања кон премиерот Еди Рама , велејќи дека тој се обидува да ја оддалечи земјата од интеграција и оти работи на штета на изборите, не покажувајќи се како вистински социјалист, наспроти „претседателот кој бил и ќе биде на народот“.

Според Мета тој никогаш не се идентифкувал со политиката на опозицијата, за што го обвини Рама и повторно го покани политички дуел.

-Го чекам, од денес, од сега. Владата се урна самата себе си од власт и има нула легитимитет се додека го уништува

изборниот процес, не го почитува договорот од 5 јуни и смета дека притисоци и купувања гласови ќе не заплаши. Оваа нелегитимна влада ќе доживее голем изборен дебакл, порача тој.

Мета,кој присуствуваше на свеченост во Голема Малесија, не го поштеди актуелнот премиер и со обвинувања околу Косово.

– Со неговите командирани изјави дека за неколку години ќе имаме заеднички претседател, значи дека нема потреба да имаме независно Косово. Зошто го тужеше премиерот на Косово? Кој го побара тоа од него? И, откако го тужеше, зошто се повлече од судењето? Јасно е дека напорите за поделба на Косово ќе беа обелоденети таму. Заборави дека социјалстите беа оние кои имаа историска улога. Владата е срушена од поодамна, но вие или не ја гледате или не сакате да го видите тоа, рече Мета.