петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Вудворд му подготвува отказ на Солскјер

Вудворд му подготвува отказ на Солскјер

Извршниот потпретседател на Манчестер Јунајтед, Ед Вудворд е подготвен да му врачи отказ на менаџерот Оле Гунар Солскјер доколку резултатите на тимот не се подобрат, пренесуваат медиумите на Островот. „Црвените ѓаволи“ загубија два од своите три натпревари во Премиер лигата во новата кампања, а непосредно пред интернационалната пауза беа поразени со 6-1 среде „Олд Трафорд“ од Тотенхем.

Поранешниот менаџер на Спарс, Маурисио Почетино е главниот кандидат за местото на Солскјер, а според „Мирор“, Вудворд „инсистирал лично“ дека е подготвен да го отстрани Норвежанецот од својата позиција доколку формата на Јунајтед продолжи да се влошува.

Во извештајот се тврди дека Вудворд го користел Ливерпул како пример. Легендата на клубот на „црвените“, Кени Далглиш беше отпуштен во 2012 година поради незадоволителни резултати, оставајќи ги „црвените“ на осмото место во поредокот. Силниот човек во Јунајтед се плаши од ваков развој на настаните.

Солскјер се чини дека се соочува со застрашувачка задача во текот на следните неколку недели, бидејќи Јунајтед се соочува со Пари Сен Жермен и РБ Лајпциг во Лигата на шампионите, а домаќин е на Челси и Арсенал во Премиер лигата.

Покрај сето ова, „црвените ѓаволи“ имаа тежок летен преоден рок во кој не успеаја да земат ниту една од нивните главни цели, вклучувајќи го и Џејден Санчо.