петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Функционерите на СДСМ делат европски пари за едукација и образование на фризерски салони и обука на магариња на луѓе блиски до власта“

„Функционерите на СДСМ делат европски пари за едукација и образование на фризерски салони и  обука на магариња на луѓе блиски до власта“

Функционерите на СДСМ делат европски пари за едукација и образование на фризерски салон кој нема никаква поврзаност со темата на проектот со којшто аплицирале. Покрај поддршка на одредени фризери парите од Еразмус+ наместо за граѓаните ги трошат, замислете, и за обуки на магариња на луѓе блиски до СДСМ, ова денеска преку статус на Фејсбук денеска го објави Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ.

-Лидија Димова, директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност да одговори како ги исплатила 270.000 евра, европски пари за едукација, во рок од 3 години преку неколку грантови на фризерски салон?
Врз основа на кои критериуми Димова одобрила исто така над 83.000 евра за тренирање магаре и лепицанер?
Има ли Димова малку совест затоа што додека некои деца немаат уреди за следење на онлајн настава таа троши огромни средства купувајќи две луксузни возила?
Дали за Основното јавно обвинителство овие наводи за нерегуларни трошоци не се класична злоупотреба на пари во институцијата?
СДСМ и Заев се расфрлаат со парите, а го лажат народот со укинување на 5% попуст ДДВ за компјутери.
Лидија Димова веднаш да си даде оставка, нерегуларните трошоци да бидат идентификувани, а средствата вратени назад!, стои во нивниот пост на Фејсбук.

Најнови вести