Американските власти денеска побараа Турција да прекине со „намерните провокации“ во Средоземното море, каде официјална Анкара испрати брод за експлоатација на гас, ризикувајќи повторно да ја влоши кризата со Грција.
-Бараме од Турција да престане со намерните провокации и веднаш да почне прелиминарни преговори со Грција, изјави портпаролот на американското Министерство за надворешни работи, Морган Ортагус.
Спорот околу истражувањето на гас во август ги доведе морнариците на Турција и Грција, двете членки на НАТО, на работ на конфликт во областа меѓу Кипар и грчкиот остров Крит.
Турската морнарица соопшти дека нејзиниот брод „Орук Реис“ до 22 октомври ќе продолжи со сеизмичкото истражување на морското дно во спорниот регион. (МИА)