Медиумите повторно излегоа со нови детали околу претепувањето на пејачката Наташа Беквалац.
Имено нејзиниот сопруг Лука Лазукиќ ноќта петокот спрема саботата ја претепа својата сопруга поради претходна вербална расправија и откако претходно е забележан во белградски ноќен клуб со две девојки.
-Лука пред самата караница и напад врз Беквалац беше во посета на популарниот ноќен клуб во друштво на две девојки. По забавата тој го напушти клубот со истите девојки и заминал во непознат правец, вели очевидецот.
Инаку српските медиуми велат дека караницата започнала околу пари, а Наташа во неговиот телефон пронашла и пораки од друга жена, а како резултат на ова медиумите потсетуваат дека Лука се разведе од својата поранешна сопруга токму поради неверство кое не и го опростил откако ја фатил во креветот со друг маж.
Тој во моментов се соочува со едно месечна забрана за пристап до пејачката.