четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Кина го обвинува Тајван за шпионажа

Кина го обвинува Тајван за шпионажа

Кина упати серија обвинувања за шпионажа против Тајван кои Тајпеј ги осуди како „стапица и уште една причина зошто луѓето се плашат да ја посетат Кина“.

Кина го смета Тајван за дел од своја територија и најави дека еден ден ќе го присоедини.

Тајванската претседателка Цаи Инг-Вен изјави дека Тајван нема да предизвикува, но и ќе се брани.

Кинеската државна телевизија од неделата навечер прикажува заробени наводни тајвански шпиони кои работат во Кина.

Со операцијата „Гром 2020“, Кина разбила стотици случаи, организирани од тајванските разузнавачи, со цел да се „инфилтрираат и да предизвикаат штета“, како и да воспостават шпионска мрежа, објави државната телевизија.

Тајпеј тврди дека Кина заробува Тајванци и оти „признавање“ на злосторството на телевизија пред судење претставува кршење на правната постапка.

Тајванскиот премиер Су Ценг – чанг во вторникот изјави дека Кина „создава терор“.