среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Мозес потпиша за Спартак Москва

Мозес потпиша за Спартак Москва

Виктор Мозес се пресели во Спартак Москва од Челси како позајмен играч до крајот на сезоната, со опција за подоцнежен откуп.

Спартак бараше десен бек и Серж Орие беше опција, но Моузес одговара на концептот иако е офанзивен играч. Во систем со тројца играчи во дефанзивната линија, Моузес би ја покрил целата страна, а неговата кариера ја одбележаа позајмиците од Челси во Ливерпул, Стоук, Вест Хем, Фенербахче и Интер.

Играше во големи клубови, не му е чудно да ги смени позициите и да се прилагоди на идеите на тренерот, а дојде во вистинско време за Спартак.

„Црвено-белите“ повторно се конкурентни во борбата за титулата, по 10 кола имаат 21 бод, како и Зенит, со кои го делат врвот на табелата.