недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

За време на коронавирус, го продавала мајчиното млеко – Нема да ви се верува колку пари заработила

За време на коронавирус, го продавала мајчиното млеко – Нема да ви се верува колку пари заработила

Млада мајка од Флорида, Џули Денис, која има две деца, одлучила во време на коронавирусот и финансиската криза да го продава сопственото млеко, со кое доела сурогат бебе, а досега заработила 19.300 евра.

Бидејќи била сурогат мајка, по шест месеци сфатила дека на детето не му е потребно млеко, па одлучила да ја продава „скапоцената течност“.

Таа им продава 28 грама мајчино млеко за 90 американски центи на семејства, чии мајки не можат да имаат природно млеко. Денис работи како наставник во средно училиште, а недостигот од пари го дополнува на оригинален начин, пишува „Мирор“.

– Не е се во парите, сакам да им помогнам на луѓето во неволја, но секако она што ќе го заработам е важно за мене и моето семејство, изјави младата мајка. (МИА)