вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Власта потфрли со мерки, тројно поголема бројка на катанци на битолските дуќани

Власта потфрли со мерки, тројно поголема бројка на катанци на битолските дуќани

Економските мерки на владата не помогнаа за да преживеат дуканџиите во Битола. Кризата не го заобиколи и овој град. Во битолската Стара чаршија се бројат дуќаните кои што работат. Дуќанџиите велат дека не треба да се бројат затворените дуќани, туку тие што останаа да работат, бидејќи бројката на катанците на вратите е тројно поголема.

БЕСПОЛЕЗНИ МЕРКИ

Власта ветуваше дека нема граѓани да останат без работа, дуќани нема да се затворат. Но, реалноста сепак е поинаква, над 40.000 граѓани останаа без своите работни места, илјадници средни и мали претпријатија се затворија, а бројката на затворени помали дуќани не се знае, но се коментира дека е голема.

Премиерот Зоран Заев упорно вели дека штетите од кризата се многу помали благодарејќи на владините мерки.

-Мерките беа вистински дизајнирани да помогнат да сочуваат работни места. Знаете опозицијата викаше дека ќе има 140.000 нови невработени, 12.300 се, ама ме боли душата за секој човек од тие 12.300. Сега во новиот пакет мерки велиме – вратете ги луѓето, аплицирајте за помош, се со конечна цел да мотивираме. Сите пари што ги пуштаме се за граѓаните – дали се работници, дали приматели на социјална помош, пензионери, пасивни баратели на работа и слично сето тоа е да го одржиме економскот живот во тешко време со солидарност. Главната порака е дека државата е тука, рече Заев на својата прес конференција при презентирање на четвртиот сет на владини економски мерки.

На ова реагираше и опозицискиот лидер Христијан Мицкоски кој што на својата прес конференција истакна дека бројките сами говорат колку ефект имале владините мерки. А, ефектот за жал е нула. Единствено граѓаните ја почувствуваа сиромаштијата поради неодговорноста и неспособноста на оваа влада која ја предводи СДСМ.

-Кога веќе се прави четврт пакет на мерки треба да се види искуството од претходните три. А, тоа е поразително и се вика нови дополнителни најмалку 40 илјади невработени за 5 месеци и минус речиси 13% намалување на бруто домашниот производ рекорден во вториот квартал. Токму затоа и овој пакет на мерки е промашен обид да се дефокусира вниманието од вистинските проблеми. Мафијата ќе стане побогата, а народот посиромашен,рече Мицкоски на прес конференција како реакција на презентираниот четврт сет на економски мерки од страна на Владата.

КАТАНЕЦ НА ДУЌАНИ

Намален промет, празни тезги и дуќани реалност низ цела држава. Таква загрижувачка слика е и на Широк Сокак и околните улици во центарот на Битола. Некои сопственици на дуќани ги намалија месечните кирии за да им излезат во пресрет на закупувачите, а имаше и такви кои за време на вонредната состојба не им наплатија закупнина за дуќаните. Од локалната власт во Битола велат дека кризата ја чувствуваат во полнењето на буџетот и подмирувањето на обврските на фирмите кон општината.

-Ова е време во кое сите преживуваме и факт е дека не можеме да споредуваме заработувачки со други изминати години. Тоа се чувствува секаде, па вклучително и во буџетот. Ова е период кој што треба заедно да го пребродиме. Еве за време на вонредната состојба нула денари беа давачките кон општината од страна на угостителите, а потоа од 15 денари беа намалени на 5 денари за метар квадратен давачките за поставување на урбана опрема на Широк Сокак за просторот пред локалите. Тоа значи дека 3,5 милиони денари останаа кај угостителите, таа е помош што Општина Битола им ја овозможи, а презедовме и други мерки, истакна градоначалничката на Битола, Наташа Петровска на една од своите изјави за медиуми.

А, одлуката за намалената давачка за урбаната опрема според градоначалничката на Битола важи до 15 ноември.

Најнови вести